Saturday, March 23, 2013

Моќните придобивки од прегратката

 

Дали некогаш сте се чуделе зошто се чувствувате подобро откако ќе го гушнете вашиот партнер или зошто солзите престануваат да ви течат веднаш штом ќе ве прегрне вашата пријателка или сестра? Одговорот лежи во неверојатната моќ на прегратката.
Прегрнувањето е позитивна и исклучително топла форма на комуникација која пренесува љубов, приврзаност, благодарност, закрила, пријателска грижа, родителска поддршка, охрабрување...
Како и секоја снегулка, така и секоја прегратка е различна – се состои од различна доза допир и буди уникатни емоции. Прегратките испраќаат и различни пораки – може да велат „Здраво“, „Ми недостигаше“, „Те поддржувам“, „Те сакам“, „Ти благодарам“... Но, секоја искрена прегратка носи и куп бенефиции, и за оној што прегрнува, и за оној прегрнатиот.
Романтична прегратка

Придобивки за здравјето

Прегрнувањето често е нарекувано „чудотворен лек“, затоа што има позитивно влијание врз здравјето. Прегратките обично траат околу 3 секунди, но според некои експерти, здравата прегратка треба да трае околу 20 секунди. Еве кои се здравствените придобивки од прегрнувањето:
  1. Редуцирање на стресот. Дали некогаш ви се случило стресот едноставно да исчезне по долгото гушкање со вашиот партнер? Прегрнувањето го намалува нивото на кортизол, хормон кој се лачи за време на стрес, а ги зголемува нивоата на серотонин и допамин, хормони поврзани со доброто расположение, па нормално е по пријатната прегратка да се чувствувате подобро.
  2. Подобрување на спиењето. Намалениот кортизол го намалува неспокојството во нашиот мозокот, што води до полесно заспивање. Исто така, гушкањето, особено кај малите деца, се поврзува со намалена активност на центарот за страв во мозокот, па тие полесно заспиваат во прегратката на своите родители.
  3. Редуцирање на болката. Сигурно и вие во детството сте го тестирале овој позитивен ефект на прегратката. Болката од крвавото колено речиси исчезнуваше кога ќе ве прегрнеше мајка ви или заборававте на болката од ставената инјекција кога ќе ве прегрнеше татко ви... Истражувањата спроведени со мали деца докажале дека тие чувствуваат помала болка кога се во прегратките на своите родители.
  4. Намалување на крвниот притисок. Гушкањето релаксира и смирува, па со тоа го забавува дишењето и ритамот на срцето, што води до намалување на крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека ваквите бенефиции се поголеми за жените, отколку за мажите.
  5. Намалување на ризикот од срцеви болести. Високото ниво на кортизол и високиот крвен притисок се поврзуваат со зголемен ризик од срцеви заболувања. Па, гушкањето покрај тоа што го редуцира стресот, го намалува и ризикот од кардиоваскуларни заболувања и срцев удар.

Депресија, болест на денешницата 

 

Депресијата е болест на современиот живот, кој денес се одвива пребрзо и во кој живот се среќаваме со разни непредвидени ситуации, кои најчесто се стресни и на кои понекогаш не можеме да најдеме излез.
Според некои испитувања, од депресија патат 5% од жителите, но оваа бројка би била занемарлива, ако се додаде и бројката на времени лица кои боледуваат од депресија, од време на време.
Краен стадиум на депресијата, за да се побара лекар е доколку ги имате следниве симптоми и ако траат повеќе од две недели: тага, песимизам, чувство на вина, самотија, беспомошност и разочарување.
За подобрува на состојбата има неколку начини.
Лековите, се различни антидепресанти и се стабилизатори на расположението, а кои ја ублажуваат депресијата, но лековите се земаат исклучиво со договор со лекар, а позитивните промени се видливи по три, четрири недели.
Поддршката во ваква состојба е неопходна, од блиските, но и болниот треба да прифати дека е во депресија.Така полесно ќе ги преброди стравот и ќе ги согледа можните решенија. Разговорот  во овие моменти е најбитен.
Ако болниот од депресија е во лоша состојба, потребно е болничко лекување, посебно кога болниот размислува за самоубиство и е со лоши мисли  или нема подршка од блиските.
Можност за самопомош сепак постои, при лесна депресија, а тоа може да ублажи и со обична ароматерапија, на следниов начин: Со корисна масажа од етерични масла кои содржат бадем или цитрон, а можете да додадете и неколку капки екстрат од камилица.
Вежбањето е исто така самопомош, а потребно е за почеток да се почне со пешачење три пати неделно, со ова се зголемува циркулацијата на крвта и работата на мозокот, а со тоа се подобрува и расположението.
Покрај вежбањето можете да се вклучите во некое јога друштво, а јогата делува стимулативно на психичката состојба.
И за крај, секако и хранта влијае во целокупната состојба на организмот, но и на психичката секако. Конзумирајте повеќе зеленчук кој содржи минерали, а посебно селен кој го има и во житарки. Кофеинот е добар во мали дози. Продуктите по можност да содржат калциум, железо цинк, витамин Б6. Овие витамини позитивно влијаат на расположението и нормален тек на мозочните келии. Ова се само дел од можностите, но избегнувајте стресни ситуации и не се впуштајте во конфликти, предупредете се самите себе, пред да западнете во депресија.
http://www.youtube.com/watch?v=NOAgplgTxfc 

 Здравје со музика 

 

Психолошки гледано, секогаш е музиката таа која не опушта, не релаксира. Има моменти кога музиката не прави тажни или среќни, во зависност каква музика слушаме во тој момент.
Кога сакаме да се релаксираме, да се опуштиме и да се оттргнеме од секојдневниот стрес, да се одмориме, треба да слушаме музика која не е нападна, брза или прегласна. Ако слушаме балади, спори песни, или инструментални, може и да се задреме на таа музика. Влијае врз централниот систем, а преку него се намалува нервозата и се опушта организмот. Најдобра или најделотворна моќ има класичната музика, но таа музика не ја слуша секој. Затоа препорачуваме инструментална музика или музика која содржи клавир, саксофон или виолина.
Немојте да навлегувате во текстовите на песните (ако не е инструментална), Така може да се „пронајдете“ во некој текст и да ве растажи. Исто така обрнете внимание звукот да ја исполни цела просторија, да не биде само од еден звучник, а тонот да биде што поквалитетен. Ако немате ваква можност, ставете слушалки и уживајте!

http://www.youtube.com/watch?v=k_UOuSklNL4 
http://www.youtube.com/watch?v=HMjQygwPI1c 
http://www.youtube.com/watch?v=ns_xsduwI-E
http://www.youtube.com/watch?v=rryD7i_TOgw
 
Проблем со грицкање нокти?! 


Голем број луѓе ја имаат оваа навика, која и тоа како делува грдо. Но покрај што е грда навика, овие луѓе го загрозуваат своето здравје и тоа на повеќе начини. Научниците одат до таму дека ова е и психолошки проблем.
Покрај грицкање на ноктите, некои деца имаати слична навика, како шмукање на палецот или друг прст. Најчести причини, односно изговори за грицкање нокти  се: стрес, нервоза, чешање, психичка напнатост, досада, но пред се, тоа е стекната непотребна навика.
Без оглед на тоа колку често ги миете рацете и одржувате лична хигиена, под ноктите секогаш има, голем број на бактерии и вируси. Со грицкање на ноктите голем дел од бактериите се внесуваат во организмот. Докажано е дека лицата кои грицкаат нокти, почесто имаат здравствени проблеми со грло и дишни патишта или со органите за варење. Грицкањето нокти, посебно е штетно кај децата, затоа што не само што го загрозува нивното здравје, туку може да има и штетни последици во понатамошниот живот. Може да доведе до оштетување на ноктите и многу болни воспаленија кај подноктите. Се сочинуваат грди и неправилно заоблени нокти што може да доведат до психички проблеми и пад на самодовербата. И ако се грицкаат силно, може да доведе до трајни оштетувања на забите.
Одвикнување од грицкање на ноктите, пред се потребна е желба, одлучност и упорност, но ако се работи за психолошки проблем ( стрес, нервоза), тогаш потребно е да се смени начинот на живот. Потребна е и поддршка од блиските околу вас, родители, партнер и слично, затоа што потребно е често да се опоменува лицето со овој проблем.
Добро е да се негуваат ноктите, односно да се држи хигиена, што значи ноктите секогаш да бидат средени (поткастрени) и кај жените налакирани, зошто тогаш некои девојки или жени не ги грицкаат и им било „жал“.
Може да се помогне и со средства за мачкање на раце, креми или лосиони со јак мирис и грд вкус. Во поново време се појавија и креми и лосиони кои не се штетни за здравјето, но имаат ефект. Овие средства спречуваат и појава на габички кај ноктите.
Ако сепак грицкањето нокти не престане или е премногу агресивно, тогаш може да се работи за психички проблем, за кој потребно е да се побара соодветна помош.

Балансирајте ги Јинг и Јанг во вашиот живот 

 

Потеклото на Јинг и Јанг доаѓа од кинеската перспектива дека живееме во свет кој е постојано променлив. Промените  се насекаде околу нас и во нас и можат да соодветствуваат на принципите на Јинг и Јанг. Според оваа филозофија, спротивните сили се меѓусебно врзани и взаемно се надополнуваат. Се’ што е во нас и околу нас ги поседува и двата концепти, а тие секогаш се менуваат постојано со тоа што едната може да биде по доминатнтна во однос на другата и обратно.
Опкружувањето во кое живееме  може да има повеќе јинг или повеќе јанг квалитети. Внатрешноста во која живееме, просториите, инвентарот, боите итн. Примери за Јинг и Јанг:
Јинг: Ладно, ноќ, темнина, зима, бавност, спиритуалност, флексибилност, пасивност, мекост.
Јанг: Топло, ден, светлина, лето, брзина, активност, практичност, сила, цврстина.
Постојат две значајни карактеристики на Јинг и Јанг што треба да им се посвети внимание.
  1. Доколку едната страна од Јинг или Јанг е по доминатна од другата, тие карактеристики можат да се одразат на вашата личност. На пример доколку живеете во темна просторија, исполнета со темни бои, можете да стенете ладна и пасивна личност и обратно доколку живеете во добро осветлен дом, со светли бои, голема е веројатноста да сте брза, активна и практична личност.
Јинг и Јанг ги поседува секоја личност. Тие во некои периоди на животот се балансирани, а во некои периоди едната е подоминатна во однос на другата. Еден пример за менливост е доколку отидете на одмор во топла Јанг клима, можете да станете пасивни и летаргични или пак доколку отидете на одмор во некој ладен планински регион (особини на Јинг), можете да станете активни, фокусирани и издржливи (Јанг).

Како да се култивира оптимизмот 

 

Доколку животот ви е хаотичен, или пак се наоѓате во тежок период, полесно ќе поминете доколку одржувате позитивен став. Но како да се одржува оптимизмот кога ништо не оди како што треба?

За почеток имајте на ум дека полесно ќе ги пребродите проблемите доколку верувате дека кризата нема да трае долго. Луѓето понекогаш заглавуваат во негативни мисли поради тоа што веруваат дека кризниот период ќе трае долго време или засекогаш. Оптимистите секогаш ги гледаат светлите точки колку и да се мали и ги сметаат кризните периоди за кратки и минливи. Оптимистите скоро никогаш не се жалат за ништо. Кога се во кризен период го прошируваат видикот на нештата. Доколку се фокусирате само на едно нешто, а тоа нешто е вашиот проблем и трошите неколку часа на ден мислејќи само на проблемот или проблемите, потребно ви е нешто што ќе ви го одвлече вниманието барем за момент да одморите од лошите мисли. На тој начин ќе ви се врати силата и ќе бидете поефикасни при решавање на проблемите. За момент престанете да бидете опседнати со самите себеси. Пробајте да мислите на луѓето околу вас. Што е со нивните проблеми. Секој има проблеми, но секој различно реагира на нив. Пробајте да го отфрлите чувството дека сте центар на светот, доколку сте имале такво мислење, свесно или потсвесно.
Одморете од самите себеси. Откажете се од наоѓањето смисла на проблемите и зошто ви се чувствуваат токму на вас. Пробајте да ја смените средината за кратко време. На пример прошетка во парк, излегување во град, викенд на село, планина, риболов, спорт, било што, што ќе ви ги оттргне мислите од проблемите и ќе ве наполни со енергија. Запознајте нови луѓе. Проширете го кругот на пријатели. Доколку немате партнер за врска, сега е време да се пуштите во потрага. Договорете вечерно излегување, или пак не ги одбивајте поканите од друштвото.
Исто така пронајдете нешто што ве интересира. Доколку сте во кризен период и сте нападнати со негативни мисли, пробајте да најдете нешто што целосно ќе ви го одземе вниманието. Спорт, музика, филмови, книги, домашни миленичиња или пак хобија како цртање, пишување, фотографија. Негативните мисли ќе исчезнат, а со тоа ќе имате повеќе енергија која претходно ви ја црпат. Кога ќе ја имате доволната енергија и оптимизам, многу полесно ќе се справите со проблемите кои се неизбежни во животот.

Делузии 

 

Делузијата претставува лажно верување или лажна слика за нешто, при што личноста е целосно убедена дека е во право и покрај силните докази кои го докажуваат спротивното. Исто така делузиите обично не се прифатливи верувања на останатите членови на семејството на личноста на пример, друштвото или општествената средина во која живее личноста. За разлика од илузиите кои се дел од нашата фантазија или пак лажните верувања кои се поради недоволна информираност, делузиите се сметаат за патолошки појави и често пати се поврзуваат со одреден процес или болест. Делузиите се сметаат за симптоми на психичко пореметување или болест. Често пати се појавуваат како симптоми на шизофренија, параноја, парафренија, биполарно нарушување и др.
Делузиите може да бидат бизарни и небизарни. Бизарна делузија е кога на пример личноста силно верува дека вонземјаните навлегле во нејзиното тело или пак го окупирале умот. Не бизарните илузии се однесуваат за нешта кои се од реалниот свет кој не опкружува. Не бизарна делузија е кога на пример личноста верува дека постојано го надгледува полиција, кога верува дека друга личност е заљубена во него/неа и покрај фактот што втората личност не сака ништо, па дури ни пријателство. Често пати како делузии се јавуваат лажните верувања кога личноста мисли дека е од особено значење и важност за општеството и дека без него/неа ќе пропадне фирмата, градот, државата итн. Други примери се луѓе кои мислат дека се извонредно талентирани за пејачи, танчери, актери итн. а можеби всушност да немаат никаков талент, и упорно пробуваат да се пробијат во шоу бизнисот и покрај советите на луѓето околу нив, да се откажат. Исто така делузиите може да влијаат или да не влијаат на промена на расположението на личноста. За откривање на делузиите најчесто е доволен здрав разум и смисла (анг. common sense). Луѓето со делузии не се свесни дека ги имаат. Доколку се забележи дека личноста страда од делузии потребна е посета на психолог и/или психијатар.

Кога сме најсреќни? 

 

Помеѓу дваесеттата и педесеттата година од животот, има најмногу извори на стрес кои влијаат на квалитетот на животот. Се претпоставува дека со влез во шесттата деценија од животот поголемиот дел од тие работи, веќе се средени, односно поголемиот дел од проблемите се решени.
Кога ќе се спомене биолошкиот часовник, веднаш се помислува на можноста за бременост. И навистина, после триесеттата година, биолошкиот часовник станува се „погласен“, а многу жени чувствуваат потреба да станат мајки. Иако современиот начин на живот ги поместува границите на „скрасување“, многумина чувствуваат страв од „зрали години“.
Сепак „зрели години“ не ги викаат беспотребно така. Овие години со себе носат предност заради кои неретко, баш тоа време е најубаво. Животното искуство носи мудрост, рационалност и неоптовареност, а уште ако е е во основа и финансиска независност и задоволство во семејното опккружување, премин од младост во зрелост и тоа како може да биде исполнет со среќа.
Истражувањта покажуваат дека животното задоволство се намалува кон дваесеттите години, но паѓа кон четриесеттата година од животот, а повторно полека се подига. Не е вистина дека повозрасните луѓе се помалку среќни. Напротив, спрема истражувањата луѓето се најсреќни или најзадоволни околу 55 –та година од животот, а линијата паѓа повторно после осумдесеттата година од животот.
Помеѓу дваесеттата и педесеттата година многу има извори на стрес кои влијаат на квалитетот на животот. Потребно е да се докажето на работа, да го решите станбеното прашање и да ги одгледате децата.
Се претпоставува дека со влез во шестата деценија овие работи се решени, дека се на свое место. Но не постои формула за среќа, затоа што среќата зависи од начинот на кој вие се однесувате спрема животот, а тоа е индивидуално. Истражувањата покажуваат дека личностите кои се средоточени кон пари, физички изглед и слава на крај се помалку среќни од оние кои предност даваат на емоциите и блискоста.


Психотерапија

Психотерапија 

 

За психотерапијата постојат многу предрасуди. Погледнете кои се корисностите  од овој вид на третман, колку психотерапијата може да ни помогне и во кои стуации.
Психотерапијата се препорачува како самостоен третман или во комбинација со соодветни лекови. Овој термин опфаќа повеќе разни видови на третман во лекување на ментални болести. Во тек на психотерапија, личноста која има психички проблем разговара со професионално лице кое и помага да ги идентификува причините кои се предизвикувачи за болеста.
Психотерапијата и помага на личноста да ги препознае однесувањата, емоциите и идеите кои ја влошуваат состојбата. Исто така, помага и да се осознаат проблемите или настаните кои ја влошуваат состојбата ( како што се тешка болест, смрт во семејството, отказ на работно место, развод или сл. ). Низ овој процес личноста може да воочи  што може да направи за да ги намали проблемите кои ги има. Психотерапијата и го враќа на личноста чувството на контрола врз сопствениот живот и чувството на уживање во животот. Личноста низ психотерапија учи вештини на совладување на проблемите.
Типови на психотерапија
Индивидуална – Овој тип на терапија вклучува само пациент и терапевт.
Групна – Двајца пациенти или повеќе може да учествуваат во терапијата во исто време. Така пациентите се во можност да ги споделат своите искуства и да увидат дека и други  луѓе може да се чувствуваат слично и да имаат слични доживувања.
Брачна – Овој вид на терапија му помага на брачниот партнер да сфати зошто неговата сакана личност има психички проблеми, кои промени во комуникацијата или однесувањето би можеле да помогнат и што може да направат за успешно излегување на партнерот од кризата.
Фамилијарна – Семејството е клучно за луѓето со ментални болести. Затоа некогаш е корисно членовите на семејството да учествуваат во психотерапијата и да воочат низ што поминува нивниот сакан, за да знаат како да му помогнат на патот кон оздравувањето.