Saturday, March 23, 2013

Како да се култивира оптимизмот 

 

Доколку животот ви е хаотичен, или пак се наоѓате во тежок период, полесно ќе поминете доколку одржувате позитивен став. Но како да се одржува оптимизмот кога ништо не оди како што треба?

За почеток имајте на ум дека полесно ќе ги пребродите проблемите доколку верувате дека кризата нема да трае долго. Луѓето понекогаш заглавуваат во негативни мисли поради тоа што веруваат дека кризниот период ќе трае долго време или засекогаш. Оптимистите секогаш ги гледаат светлите точки колку и да се мали и ги сметаат кризните периоди за кратки и минливи. Оптимистите скоро никогаш не се жалат за ништо. Кога се во кризен период го прошируваат видикот на нештата. Доколку се фокусирате само на едно нешто, а тоа нешто е вашиот проблем и трошите неколку часа на ден мислејќи само на проблемот или проблемите, потребно ви е нешто што ќе ви го одвлече вниманието барем за момент да одморите од лошите мисли. На тој начин ќе ви се врати силата и ќе бидете поефикасни при решавање на проблемите. За момент престанете да бидете опседнати со самите себеси. Пробајте да мислите на луѓето околу вас. Што е со нивните проблеми. Секој има проблеми, но секој различно реагира на нив. Пробајте да го отфрлите чувството дека сте центар на светот, доколку сте имале такво мислење, свесно или потсвесно.
Одморете од самите себеси. Откажете се од наоѓањето смисла на проблемите и зошто ви се чувствуваат токму на вас. Пробајте да ја смените средината за кратко време. На пример прошетка во парк, излегување во град, викенд на село, планина, риболов, спорт, било што, што ќе ви ги оттргне мислите од проблемите и ќе ве наполни со енергија. Запознајте нови луѓе. Проширете го кругот на пријатели. Доколку немате партнер за врска, сега е време да се пуштите во потрага. Договорете вечерно излегување, или пак не ги одбивајте поканите од друштвото.
Исто така пронајдете нешто што ве интересира. Доколку сте во кризен период и сте нападнати со негативни мисли, пробајте да најдете нешто што целосно ќе ви го одземе вниманието. Спорт, музика, филмови, книги, домашни миленичиња или пак хобија како цртање, пишување, фотографија. Негативните мисли ќе исчезнат, а со тоа ќе имате повеќе енергија која претходно ви ја црпат. Кога ќе ја имате доволната енергија и оптимизам, многу полесно ќе се справите со проблемите кои се неизбежни во животот.

No comments:

Post a Comment