Saturday, March 23, 2013

Балансирајте ги Јинг и Јанг во вашиот живот 

 

Потеклото на Јинг и Јанг доаѓа од кинеската перспектива дека живееме во свет кој е постојано променлив. Промените  се насекаде околу нас и во нас и можат да соодветствуваат на принципите на Јинг и Јанг. Според оваа филозофија, спротивните сили се меѓусебно врзани и взаемно се надополнуваат. Се’ што е во нас и околу нас ги поседува и двата концепти, а тие секогаш се менуваат постојано со тоа што едната може да биде по доминатнтна во однос на другата и обратно.
Опкружувањето во кое живееме  може да има повеќе јинг или повеќе јанг квалитети. Внатрешноста во која живееме, просториите, инвентарот, боите итн. Примери за Јинг и Јанг:
Јинг: Ладно, ноќ, темнина, зима, бавност, спиритуалност, флексибилност, пасивност, мекост.
Јанг: Топло, ден, светлина, лето, брзина, активност, практичност, сила, цврстина.
Постојат две значајни карактеристики на Јинг и Јанг што треба да им се посвети внимание.
  1. Доколку едната страна од Јинг или Јанг е по доминатна од другата, тие карактеристики можат да се одразат на вашата личност. На пример доколку живеете во темна просторија, исполнета со темни бои, можете да стенете ладна и пасивна личност и обратно доколку живеете во добро осветлен дом, со светли бои, голема е веројатноста да сте брза, активна и практична личност.
Јинг и Јанг ги поседува секоја личност. Тие во некои периоди на животот се балансирани, а во некои периоди едната е подоминатна во однос на другата. Еден пример за менливост е доколку отидете на одмор во топла Јанг клима, можете да станете пасивни и летаргични или пак доколку отидете на одмор во некој ладен планински регион (особини на Јинг), можете да станете активни, фокусирани и издржливи (Јанг).

No comments:

Post a Comment