Saturday, March 23, 2013

Психотерапија

Психотерапија 

 

За психотерапијата постојат многу предрасуди. Погледнете кои се корисностите  од овој вид на третман, колку психотерапијата може да ни помогне и во кои стуации.
Психотерапијата се препорачува како самостоен третман или во комбинација со соодветни лекови. Овој термин опфаќа повеќе разни видови на третман во лекување на ментални болести. Во тек на психотерапија, личноста која има психички проблем разговара со професионално лице кое и помага да ги идентификува причините кои се предизвикувачи за болеста.
Психотерапијата и помага на личноста да ги препознае однесувањата, емоциите и идеите кои ја влошуваат состојбата. Исто така, помага и да се осознаат проблемите или настаните кои ја влошуваат состојбата ( како што се тешка болест, смрт во семејството, отказ на работно место, развод или сл. ). Низ овој процес личноста може да воочи  што може да направи за да ги намали проблемите кои ги има. Психотерапијата и го враќа на личноста чувството на контрола врз сопствениот живот и чувството на уживање во животот. Личноста низ психотерапија учи вештини на совладување на проблемите.
Типови на психотерапија
Индивидуална – Овој тип на терапија вклучува само пациент и терапевт.
Групна – Двајца пациенти или повеќе може да учествуваат во терапијата во исто време. Така пациентите се во можност да ги споделат своите искуства и да увидат дека и други  луѓе може да се чувствуваат слично и да имаат слични доживувања.
Брачна – Овој вид на терапија му помага на брачниот партнер да сфати зошто неговата сакана личност има психички проблеми, кои промени во комуникацијата или однесувањето би можеле да помогнат и што може да направат за успешно излегување на партнерот од кризата.
Фамилијарна – Семејството е клучно за луѓето со ментални болести. Затоа некогаш е корисно членовите на семејството да учествуваат во психотерапијата и да воочат низ што поминува нивниот сакан, за да знаат како да му помогнат на патот кон оздравувањето.

No comments:

Post a Comment